Дури 70% од компаниите во Дубаи се очекува да затворат во следните шест месеци, бидејќи пандемијата им влијаеше врз работата, покажуваат податоците од тамошната Стопанска комора, пренесува CNBC.
Во истражувањето се опфатени 1.228 генерални директори во различни сектори, во период меѓу 16-ти и 22-ри април, за време на најригорозните мерки и ограничувања за движење на луѓе. Скоро три четвртини од анкетираните биле од компании што имаат до 20 вработени.
Повеќе од две третини од испитаниците сметаат дека им се заканува умерен или висок ризик за затворање во наредните шест месеци. Поточно, околу 27% рекле дека очекуваат затворање на фирмата наредниот месец, а 43% во рок од шест месеци.
Економијата во емиратот Дубаи не е толку зависна од нафтата и се потпира на повеќе сектори како што се: туризам, угостителство, забава, недвижнини, трговија.
Иако хотелиерството е мошне развиен бизнис во Дубаи, скоро половина од анкетираните сопственици на хотели очекуваат да престанат со работа за еден месец.
Фото: Freepik