Пандемијата не го загрози штедењето во Европа

25

Иако стапката на штедење на домаќинствата во ЕУ се намали во третиот квартал 2020 година и понатаму беше за 4,5 процентни поени поголема од годината претходно, покажуваат податоците на Евростат.

Главна причина за меѓугодишниот пораст е тоа што трошоците на домаќинствата во Европа и понатаму биле за 3,6% пониски отколку една година претходно.

Бруто расположливиот приход на домаќинството беше за 1,5 % поголем на меѓугодишното ниво во третиот квартал од 2020 година. Во споредба со третиот квартал од 2019 година, стапката на заштеди на домаќинствата се зголеми во сите земји членки во текот на третиот квартал.

Најголем меѓугодишен пораст на годишно ниво е забележан во Холандија од 7,9 % и Данска од 7,7%.

Фото: Pixabay