Пандемијата не му може ништо: Дански бренд со рекорден промет од над четири милијарди евра

45

Данскиот бренд, JYSK оствари рекорден профит од над четири милијарди евра, оваа фискална година, што е за 7,6% повеќе за разлика од минатата година, стои во официјалното соопштение на компанијата.

“Тоа е последица од комбинацијата на одлични продажни резултати пред ширење на коронавирусот во Европа и Азија и значителниот пораст на бројот на купувачи во споредба со претходниот период, откако повторно ги отворивме продавниците“, изјави Јан Бух, генерален директор и претседател на JYSK.

Зголемениот промет е резултат на многу Европејци кои одлучија да инвестираат во својот дом, бидејќи границите беа затворени, а патувањата ставени во ризична категорија поради пандемијата.

Фото: JYSK