Пандемискиот долг на Германија достигна 470 милијарди евра

48

Германската влада го усвои нацрт буџетот за 2022-ра година, со нов долг од скоро 100 милијарди евра за финансирање на дополнителни мерки против пандемијата, со што вкупното задолжување поврзано со пандемијата порасна на 470 милијарди евра.

Со тоа, планираното задолжување за следната година е зголемено за 18 милијарди евра.

Германската канцеларка, Ангела Меркел и министерот за финансии, Олаф Шулц, од март минатата година воведуваат голем број мерки за поддршка за да го ублажат влијанието на пандемијата врз најголемата европска економија.

Минатата година мерките се финансирани со рекорден долг од 130 милијарди евра и 240 милијарди евра во 2021-ва година, врз основа на одредбите што во случај на криза дозволуваат суспензија на уставната обврска за забрана за задолжување. Уставната обврска ќе биде суспендирана трета година по ред за да се овозможи 100 милијарди евра нов долг во 2022-ра година.

“Го заштитивме здравјето на многу граѓани, укажавме поддршка на компании, заштитивме милиони работни места и спречија влез на Германија во надолна спирала“, рекол Шулц.

Дополнителната потрошувачка би требало да ѝ помогне на Германија да излезе посилна од кризата, а има причина за оптимизам бидејќи економијата веќе бележи раст.

Германија во 2023-та година би можела да се задолжи за само 5,4 милијарди евра, односно 12 милијарди евра во 2024-та година.

Фото: Pexels