Панел дискусија за влијанието на ГМО врз младите

24

Во рамки на проектот Граѓански набљудувачи за здравство и животна средина: Иницијатива за одговорност и одржливост, поддржан од ЕУ програмата – Европа за граѓаните, денес во Скопје ќе се одржи Панел дискусијата за влијанието на генетски модифицираната храна (ГМО) врз младите.

На дискусијата ќе се зборува за основните поими за генетска модификација (ГМО), за легислативата во Европската Унија и Македонија поврзана со ГМО, како и за контролата на ГМО и ризиците од ГМО врз храната.

Меѓу другите учесници на панел дискусијата се и доктор Слаѓана Велков и професор доктор Зоран Поповски, раководител на Катедрата за биохемија и генетско инжинерство при Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје.