Панели од оризова хартија за заштита од UV зраци

80

11

Марјан Живиќ и Лана Вукичевиќ од Хрватска се тимот на Lumidream, кој постои од 2015 година и креира иновативни производи за декорација на домот кои му даваат нова дефиниција на ентериерот. Нивниот производ Brighter е панел што пропушта доволно количество светлина, едноставно се инсталира и штити од UV зраци.

22

Инспирирани од јапонската архитектура, Brighter го изработуваат од оризова хартија што ја набавуваат од Јапонија, рамки од багрем и магнети. Со помош на магнетите, панелите можат да се поставуваат на прозорците како завеси или како самостојна преграда.

Овој антиалергиски производ лесно се поставува и многу лесно се одржува – само два пати годишно треба да се пребрише со сува или влажна крпа.