
Недостигот на јајца не е проблем само во Европа, туку и во САД, каде што некои трговци мораа да наметнат ограничувања за купување по лице.
Ширењето на птичјиот грип во Европа и пошироко, вклучително и во САД, предизвикува сериозни нарушувања во живинарскиот сектор.
Недостигот од јајца на пазарот во ЕУ се очекува дополнително да се почувствува пред Велигден, пишува Вечерњи лист.
Статистиката на Еуростат покажува дека во јануари 2025 година, во однос на јануари 2024 година, големопродажната цена на јајцата во Белгија е зголемена за 7,9%, додека на месечно ниво, во однос на декември 2024 година, е зголемена за дури 15,6%.
И другите земји забележаа значителен пораст на цените: во Холандија 15,3%, Полска 12,3%, Франција 2,4%, Шпанија 3,3% итн.
Просечната цена на јајцата во ЕУ во јануари изнесува 249,59 евра/100 кг, што е зголемување од 10,3 отсто во однос на претходната година и 5,4 отсто во однос на декември 2024 година.











