Pantene со кампања против двојните стандарди

45

reklama

Pantene Филипини почна кампања со која сака да посочи како за исто однесување на мажите и на жените на работното место им се лепат различни етикети. Во видеото на агенцијата BBDO Guerrero, мажот е шеф, жената наредува. Мажот е убедлив, жената е настојчива. Мажот е посветен, жената е себична. Тој е уреден, таа суетна. Тој е фраер, а таа се прави важна.

Pantene верува дека ако стоите цврсто на својот став, ќе сјаете.