PANTHEON (ERP) e софтвер за деловно работење, во кој е интегриран модул за бизнис интелегенција – ZEUS. Оваа алатка на менаџерите им помага да ја анализираат нивната работа и позицијата на компанија на пазарот, да го надгледуваат напредокот и соодветно да го планираат нивниот раст.
Бизнис интелегенција вклучува контролни табли, извештаи, анализи и планови за различни аспекти на команијата. Нуди предности за сите вработени кои се важни за успехот на компанијата, не само за менаџерите. Ја нуди можноста за креирање на голем број типови на извештаи и анализи кои се потребни за секојдневна работа. Менаџерите имаат при рака брза алатка за да прават различни анализи и прецизни бизнис планови.
Една од главните предности на PANTHEON ZEUS е неговата едноставна употреба – може да ги прикажете извештаите во форма на табели или дијаграми кои може да бидат испечатени, сочувани или пренесени во MS Excel за понатамошни анализи.
Планирањето на бизнисот често се избегнува од страна на малите и средно – големи претпријатија заради комплексноста и времето кое го одзема. PANTHEON обезбедуваа генератор на план кој генерира планови врз основа на претходни резултати. Планирањето е можно за продажби, нарачки и буџети за било кој временски период и според било кои параметри (субјекти, земји, артикли, класификации на артикли, организациски единици итн). Планираните резултати може лесно да се споредат со реализираните податоци преку апсолутни и релативни разлики, индекси и слично.
Контролни табли – Погледнете веднаш каде се наоѓа вашиот бизнис
Она што PANTHEON ZEUS го прави единствен е неговата достапност и примена од страна на малите и средни претпријатија. Контролните табли кои содржат клучни индикатори за бизнис перформансите се достапни и во најмалата верзија на програмот PANTHEON, наменета за малите и средни претпријатија. Ако бизнис интелегенцијата до сега беше една од најмоќните алатки кои во секојдневното работење ја користеа менаџерите на големи светски корпорации, со PANTHEON ZEUS и малите и средни компании на дланка ги имаат најважните податоци од кои е условен успехот на нивното работење!
PANTHEON Cloud – без иницијални трошоци за инвестирање во нов софтвер
Даталаб МК во соработка со Македонски Телеком, софтверот за деловно работење – PANTHEON го нудат и во cloud опкружување.
Со PANTHEON Cloud немате трошоци за купување и одржување на серверите и лиценците, односно плаќате онолку колку што користите. Cloud технологијата овозможува едноставен пристап од каде и да сте. Со PANTHEON Cloud ќе заштедите на време при внес на податоци, ќе имате прегледност на сите влезни и излезни документи, односно покриеност на сите бизнис процеси во вашата компанија. Покрај тоа овозможена е полесна размена на податоци со вашето сметководствено биро и нема главоболки за сигурносни копии или исправно функционирање на опремата. Со PANTHEON Cloud бидете дел од светските трендови и преминете кон електронско работење. Не чекајте, претворете ги податоците во профит!
Повеќе информации за Pantheon Cloud може да најдете на телефонскиот број 0800 88 881 или http://business.telekom.mk/mk/494/IKT_uslugi/E-smetkovodstvo_Pantheon_Cloud.html.