Paqsule – иновативна торба што сама се чисти од непријатни мириси и бактерии

27

paqsule

Фото: Paqsule

Paqsule е иновативна торба, којашто со посебна технологија, самата се чисти. Корисникот, преку мобилна апликација и копче на торбата, може да го активира системот за чистење.

Оваа PaqTech технологија овозможува ослободување од непријатните мириси во внатрешноста на торбата, ги уништува сите бактерии и ослободува пријатен мирис.

Иновативната технологија го опфаќа професионалното хемиско чистење во медицинските установи и професионалните спортски тимови, коешто се користи за дезинфекција на опрема и облека.

Процесот на чистење на внатрешноста на торбата трае околу 35 минути, по што корисникот добива чиста торба во којашто може да стави облека и други предмети без да се грижи за нив.

Идејата за оваа торба, чија цена во претпродажба е во висина од 149 и 239 долари, е на американскиот старт – ап Paqsule. Проектот е претставен на глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, од каде што првично беа побарани 5.000 долари. На 25 дена пред крајот на кампањата, иновативната торба успеа да собере над 7.000 долари.