Пар чорапи за 627 евра

20

sockВодечкиот дизајнер на трикотажа Falke произведе луксузен пар чорапи чија цена е 627 евра.

Причината за толку високата цена е тоа што чорапите се направени од волна на еден вид лама која потекнува од Перу. Некогаш овој вид на волна го користеле само богатите Инки.

Поради високата цена и реткиот материјал од кој се изработени, германската компанија произведе само 10 вакви пара на чорапи со боја на карамел и неверојатна мекост.

Совршен подарок за празниците за оние кои имаат екстравагантен стил и можност да одвојат “малку” повеќе пари.