Парадокс: Компаниите сакаат работниците да се вратат во канцелариите, а половина од нив го намалуваат работниот простор

51

Околу 50 проценти од големите глобални компании ќе бараат помалку недвижен имот (деловен простор) во следните три години, а американските градови – предводени од Сан Франциско – се најекспонирани на феноменот на празни канцеларии, во периодот после Ковид.

Ова го покажа новото истражување спроведено од британската фирма „Knight Frank“, пренесува CNN.

Половина од компаниите со повеќе од 50.000 вработени планираат да го намалат канцеларискиот простор, а повеќето очекуваат намалување меѓу 10% и 20%. Инаку, истражувањето е спроведено на 347 компании ширум светот.

Ги истакнува промените што се случуваат на пазарот на комерцијални недвижности, кој е под притисок од намалената побарувачка за деловен простор, како и падот на вредноста на имотот и зголемувањето на каматните стапки.

Посебното истражување на канцелариите, објавено минатата недела, рече дека Сан Франциско е „екстремен пример“ во овој контекст.

Сепак, пошироката слика е измешана, бидејќи додека големите мултинационални компании го намалуваат канцеларискиот простор, 55 проценти од сите анкетирани фирми очекуваат да го „зголемат“ или „значително да го зголемат“ своето присуство во следните три години, при што помалите фирми ќе го предводат растот со – до 10.000 вработени.