Парче од кралската торта на Кејт и Вилијам продадено за 6.000 долари

29

slice-of-wedding-cake-600x400Парче од свадбената торта на војводата и војвотката од Кембриџ, од 2011 година, беше продадено на аукција во Беверли Хилс за 6.000 долари. Првично парчето се очекуваше да достигне цена од 2.000 долари, но основачот и извршен директор на Listia.com, Џи Чанг, плати повеќе.

Парчето торта беше спакувано во специјална лимена кутија на која беа изгравирани имињата на младенците и датумот на венчавката “William & Catherine 29 April 2011”, а самото парче завиткано во мрсна хартија, исто како што беше послужувано на самиот ден на кралската венчавка.

Royal-Wedding-cake-600x561

Заедно со кутијата доаѓа и официјална свадбена картичка и бланко покана.

Чанг го купи парчето торта со цел да ја промовира својата старт – ап компанија Listia.com, еден вид на пазар каде членовите ќе можат да разменуваат производи без пари.

Fiona-Cairns-600x375

Свадбената кралска торта е инаку дело на пекарката Фиона Кернс, а истата се состоеше од 17 овошни торти распоредени на осум ката, покриени со 900 шеќерни цветови.

За да го направи ова слатко ремек дело на Фиона и требаа пет недели.