Парчиња торта од пет кралски венчавки ставени на аукција

29

BRITAIN-US-ROYALS-CAKE-OFFBEAT

Пет парчиња од пет британски кралски венчавки се ставени на аукција со предупредување дека истите не се погодни за конзумација.

Најстарото од парчињата е од 1973 кога се одржала свадбата на принцезата Ана, единствената ќерка на кралицата Елизабета II. Оваа торта била висока цели 168 сантиметри, колку и принцезата Ана.

Парчињата биле зачувани во своето оригинално пакување од страна на поранешниот возач на кралицата, Ленард Масеј.

102725160-cake_1.530x298

Меѓу нив е парчето од последната кралска венчавка во 2011, на која Вилијам и Кејт ги разменија заветите. Тоа има вкус на бренди и се очекува да достигне цена од 600 до 800 долари.

Во колекцијата се наоѓа и парче торта од венчавката на принцот Чарлс и Дајана што се случи во 1981 година, а истото се очекува да биде продадено за 1.000 – 2.000 долари.

Останатите две парчиња се од венчавките на принцот Ендру и Сара Фергусон од 1986 година, како и од свадбата на Чарлс со Камила што се одржа во 2005 година.

Парчињата од кралските торти ќе бидат изложени на 27 јуни на Julien’s Auctions во Беверли Хилс.
cake-532_1497221a