
Француските власти донесоа декрет со кој се овластува функционирање на хелиодром за полетување и слетување на електрични летечки такси во Париз за време на Олимписките игри.
Платформата на брегот на реката Сена во Париз ќе биде во функција и по завршувањето на игрите, најдоцна до 31 декември годинава, стои во уредбата објавена во Службен весник.
Одобрувањето на таа експериментална платформа се чекаше со месеци.
„Имајќи ја предвид неговата експериментална природа, регулативата го ограничува работното време на овој хелиодром од 8 до 17 часот и бројот на летови на два лета на час и 900 летови во текот на целиот експеримент до крајот на годината. се вели во соопштението.
Олимписките игри ќе се одржат од 26 јули до 11 август, а Параолимписките игри од 28 август до 8 септември.
JO : le gouvernement donne son feu vert à la création d’une plateforme pour les taxis volants à Paris
➡️ https://t.co/iMr7lO0doM pic.twitter.com/fbZ2klTQ1F— Le Parisien | Paris (@LeParisien_75) July 9, 2024











