Париз воведува делумна забрана за возење и бесплатен јавен превоз поради загадувањето

63

pariz aero zagaduvanje merka

Француската престолнина воведува делумна забрана за возење и донесе одлука јавниот превоз да биде бесплатен за сите граѓани, со цел да се намали загадувањето на воздухот, пишува британски Телеграф.

Мерката за парно и непарно возење на автомобилите, според последниот број на регистарските таблички, би требало да го намали количеството на штетни честички во воздухот во Париз. Оваа мерка нема да важи за градскиот превоз, јавните служби и хибридните автомобили.

Низ улиците на Париз се распоредени околу 750 полициски службеници кои имаат задача да проверуваат дали граѓаните ја почитуваат донесената одлука.

Градоначалничката на Париз, Ан Хидалго, минатата година го претстави планот за драстично ограничување на брзината на движење низ градот што е во насока на намалување на аеро загадувањето, како и намалување на бројот на сообраќајни несреќи.