Парламентот одобри истрага против поранешниот грчки министер за финансии

26

lagarde listГрчкиот Парламент одобри започнување на кривична истрага против поранешниот министер за финансии Јоргос Папаконстантину за вмешаност во скандалот со Лагард листата.

Поранешниот министер за финансии е под сомнение дека од листата на најбогати Грци кои имаат банкарски сметки во странство и затаиле данок, избришал тројца свои роднини, со што ги прекршил своите овластувања и може да заврши во затвор.

Во 2010 година француските власти до Папаконстантину доставиле список, украден од банката HSBC со податоци за сметки на Грци во Швајцарија, кои треба да бидат разгледани за можно затајување на данок. Тогаш грчките власти не преземале никакви акции. Минатиот месец Атина повторно побара копија од списокот, при што беше утврдено дека имињата на тројцата роднини на поранешниот министер за финансии се тргнати од првичната копија.

Папаконстантину, кој беше министер за финансии во периодот 2009 – 2011 година ги отфрла обвиненијата.