Parthenon е иновативна челична брана којашто од кинетичката енергија на брановите може да создава зелена енергија, пишува Inhabitat.
Браните од овој вид вообичаено ги чуваат пристаништата и насипите од големите бранови, а Parthenon на компанијата Waterstudio од Холандија создава електрична енергија без да ја загадува животната средина.
Waterstudio ја искористи реката Хадсон во САД за да го објасни значењето на овој проект. Брановите на пристаништето во Њујорк се премногу силни, па мора да се постави брана за да се заштитат бродовите и чамците.
Столбовите на браната се своевидни цилиндри со пречник од 90 сантиметри, коишто ротираат со мала брзина во насока на стрелките на часовникот и обратно. Енергијата се пренесува на генераторите коишто се наоѓаат во бетонските кутии.
Цилиндрите се потопени во вода за да може структурата да биде флексибилна, но не дозволува да биде целосно поместена од силата на брановите. Браната е прицврстена на дното на реката, а неговата горна површина може да се искористи како зелена површина.