Пасија по чоколадо – Пачи (Patchi)

82

patchi1

Во 1974 година, на единаесет годишна возраст, г-дин Низар Шукаир ја открива својата љубов кон чоколадо, за да една година подоцна малиот семеен бизнис за производство на чоколадо се прошири во Аман, Јордан. Присутна на пет континенти, во 35 земји и со 130 продавници, компанија Пачи од Либан се смета за една од најиновативните бизниси во Средниот Исток. Ова е краткото резиме со кој почнува текстот Се заради љубов кон чоколадо. Зошто Светската организација за интелектуална сопственост го квалификува бизнисот на овој господин како добра пракса на работење?

Истражување и развој

Со цел да ги задоволи високите очекување на своите потрошувачи, Пачи воспоставил темелни процеси и стандарди на истражување и развој. Чоколадото Пачи се прави од зрна од какао што растат на ниските гранки на дрвото theobroma cacao tree. Компанијата избегнува да произведува “преработувани чоколади” со мал процент на какао (во многу случаи и помалку од 7%), а користи чоколади класифицирани како couverture – чоколадо од врвен квалитет со екстра какао путер (32% – 39%). Произведени рачно со швајцарска технологија, чоколадите не содржат јајца, желатин и вештачки ароми, туку се користат високо квалитетни продукти со рафинирани материјали и рецепти. Со цел да ги задоволи различните барања на своите клиенти, менито на компанијата се состои од над 40 врсти на чоколади, на база на бадеми, лешници и фстаци со млеко или темно чоколадо.

Фабриките на компанијата се сертифицирани со стандардот ISO 9001-2000 на Меѓународната организација за стандардизација и Анализа на ризици и контрола на критични точки, превентивен систем за безбедност на храната. Со цел да задржат висок стандард на производство, фабриките се под строг надзор на техничари и реномирани готвачи во правење на чоколади од Европа и Либан.

Брендирање

Елегантните и иновативните пакувања на Пачи, модернизирање на логото со монограм што ги покажува квалитетите на производите се само дел од стратегијата за промовирање на брендот. Пачи се фокусира на дизајнот и квалитеот на продуктот. Секое чоколадо е рачно спакувано и декорирано со машни, бисери, рачно изработени рози од свила, и понекогаш, златни и кристални цвеќиња на Сваровски. Секоја кутија на чоколадо има порака на капакот, со што со секој производ се развива чувство на индивидуалност за консументот.

Исто така, Пачи промовира не само бренд, туку и начин на живот, концепт базиран на највисок квалитет. Така компанијата ги промовира своите продукти во ексклузивни и елегантни продавници во слободни зони на меѓународни хотели и аеродроми.

Трговска марка

Пачи го користи системот на интелектуална сопственост за да го заштити својот бренд од закани и неовластено користење, како и за да создаде идни можности за експанзија и комерцијализација. На пример, во 1998 година, компанијата поднесува пријава за заштита на трговската марка за Patchi SAL (како збор и фигуративно) во Канцеларијата за хармонизација на внатрешниот пазар при ЕУ, а во 2000 година поднесува пријава за трговска марка до Канцалријата за патенти и трговски марки на САД.

Франшиза

За да работат уникатните продавници за чоколадо, компанијата доделува лиценцирана франшиза. Притоа тим од стручњаци по дизајн помага на потенцијални држатели на франшиза во стратегишко планирање за промовирање и развивање на многутте брендови на компанијата во нови региони и земји. Од тренирање на вработените и менаџирање на медиумите до воспоставување на лојалност кон брендот меѓу потрошувачите, додека се создаваат бизнис врски со други корпорации, Пачи успева да создаде светски познат бренд.

Бизнис резултати

Од скромен почеток, во 1995 година Пачи влегува на ЕУ пазарот со отворање на продавници во Париз и Лондон. Својот 25-ти роденден го прославува со отворање на нов бутик на Брегот на Слоновата Коска, за во 2005 година да биде прогласен за број еден луксузен бренд на Средниот Исток од списанието Форбс. За луксузноста на брендот сведочи и фактот што една кутија на чоколади Пачи во продавницата Хародс, запакувана во нежна кожа и рачно изработена свила од Индија и Кина, каде секое од 49-те рачно завиткани чоколади е положена на кожна основа, е продадена за 5.000 фунти. Имагинативното брендирање и овозможи на компанијата да го диверсицира својот приход преку разни производи како чоколади, подароци и додатоци за празнување.

Таен рецепт?

Оваа кратка и слатка приказна отвора многу прашања за нашите актуелни и идни претприемачи. Во земја богата со овошје и зеленчук, која е вашата пасија кон храната? Имате ли омилен рецепт што го адаптирате на начин што му додавате тајна состојка? Размислувате ли да го поделите тоа задоволство со други луѓе? Никогаш не се знае дали вашето омилено слатко од јагоди или пак намаз од зеленчук може да ви донесе профит, ако решите да ги заштитите името, ознаката и дизајнот на пакувањето, па дури и можеби и самиот рецепт, преку правата на интелектуална сопственост.

Автор: Ана Дангова Хуг – INTER PARTES Skopje