
Соединетите Американски Држави објавија дека од 1 јануари 2026 година ќе воведат царини од 107 проценти за италијанските тестенини, што би можело сериозно да го загрози еден од најважните сектори на италијанскиот извоз.
На веќе постоечката царина од 15 проценти за тестенините од Италија, американската администрација планира да додаде уште 91,74 проценти, осврнувајќи се на обвинувањата за дампинг против италијанските производители „Ла Молисана“ и „Гарофало“, кои веќе беа предмет на истрага од страна на Министерството за трговија на САД, пишува италијанскиот весник „Соле“.
Вакви истраги американските власти спроведуваат речиси секоја година, на барање на домашните производители на тестенини, но дополнителните царински давачки досега ретко надминувале два проценти.