Кина прави хиперсоничен авион кој ќе се движи со брзина од 12.000 милји на час и кој ќе може да пренесе 10 патници до која било точка на планетата во рок од еден час.
Авионот долг 45 метри е за една третина подолг од Боинг 737 и има делта крила слични на оние на Конкорд.
Официјалните лица планираат да имаат флота од овие авиони до крајот на 2035 година, а до 2045 година да имаат авиони кои ќе можат да превезуваат дури 100 патници во еден превоз.
Засега никој не знае зошто на Кина и се потребни авиони кои можат да се движат пет пати побрзо од брзината на звукот, благодарение на сложениот дизајн.
Според британските медиуми, на прототипот работат кинески вселенски научници кои учествувале во кинеските мисии на Марс и на Месечината.
Дизајнот на авионот е сличен на Boeing Manta X-47C, проект кој НАСА го напушти во 2000 година бидејќи беше прескап.











