Патека за трчање наместо стандардно движење по терминал на јапонски аеродром

99

narita-airport-terminal-3-running-track-party-muji-nikken-designboom-01

Терминалот број три на јапонскиот аеродром Narita го користат нискобуџетни авио компании, но тоа не значи дека не треба на патниците да им се обезбеди незаборавно искуство, пишува порталот Creativity online.

narita terminal 3

На овој проект заеднички работеа дизајнерското студио Party, производителот на мебел Muji и градежната компанија Nikken. Нивната заедничка цел е да направат нов терминал за што е можно помалку пари.

narita

Акцентот е ставен на кружната патека за трчање, како на олимписките стадиони, што помагаат патниците полесно да се движат и да се снајдат на аеродромот. Подлогата им овозможува на патниците без никаков проблем да трчаат по патеката.

narita 1

На патеките доминираат две бои што се лесни за препознавање – сина за оние кои заминуваат на патување, па оваа боја ги потсетува на небото и чувство на авантура. Додека оние кои се враќаат од патување, може да трчаат по кафената патека.