Патнички дронови од ова лето во Дубаи

38

Шефот на агенцијата за патишта и транспорт во Дубаи, Мат ал –Тајер најави дека од јули ќе започнат редовни летови на дронови што пренесуваат луѓе, пишува BBC.

Кинескиот дрон eHang 184, тежок 227 килограми, може да пренесе еден патник со тежина до 100 килограми и има место за мал куфер. Патникот ја избира дестинација на екран на допир и дронот лета автоматски. Максималната брзина изнесува 160 км/час, а батеријата овозможува возење во должина од 50 километри.

Уредот беше одобрен за тестирање во Невада, во јуни 2016 година. Контролата на дронот ја изврши агенцијата за цивилна авијација во Дубаи, а се контролира преку 4G мрежа.

“Ние веќе експериментиравме со ова возило на небото во Дубаи“, вели Тајер.