Патничко осигурување – документ што мора да го поседувате кога патувате надвор од државата

243

Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите. Патничкото осигурување нуди осигурително покритие од поголем број ризици и до различни осигурени суми, во однос на тоа кој пакет ќе се избере. Пакетите за патничко осигурување се креираат да одговорат на различните потреби на граѓаните. За да се изработи полиса за патничко осигурување потребни се податоците од пасошот на лицето на кои ќе се однесува осигурувањето, поточно:

  • Име и презиме (како што стои во пасошот)
  • Адреса од пасошот
  • Матичен број
  • Број на пасош

Исто така, треба да се наведе времето на траење на покритието на патничкото осигурување, како и посакуваниот пакет.

Како се пресметува цената

Цената на патничко осигурување зависи од осигурените денови и избраниот пакет. Дневната цена на одбраниот пакет се множи со бројот на осигурени денови за да се добие цената на полисата.

Како се пријавува штета

  1. Веднаш го контактирате дежурниот центар на асистентската компанија на осигурителното друштво каде ќе бидете упатени во најблиската медицинска установа.
  2. Бидете подготвени, на барање на операторот да ги дадете основните лични податоци (име и презиме, број на полисата)
  3. Бидете подготвени да оставите број на телефон на кој би можеле да ве побараат по потреба.
  4. Бидете потготвени да ја опишете настанатата ситуација и постапете според добените инструкции.
  5. По пристигнувањето на лекар овозможете му на лекарот увид во полисата за патничко осигурување.
  6. Доколку од лекарот добиете формулар за околностите под кои настанал осигурениот случај, задолжително пополнете го.

По завршувањето на лекарскиот третман, обезбедете ја документацијата од лекувањето која дава увид во добиените медицински услуги.

Потребни документи за пријава на штетата

  • Оригинал /Копија од полисата (по претходна проверка за прифатена полиса)
  • Комплетно пополнета пријава со точен датум на пријава и задолжително пријавување по електронска пошта до одговорното лице,
  • Копија од пасош со доказ за почеток на престојот во странство и доказ за враќање во С.Македонија,
  • Оригинална медицинска документација ( извештај ) со дијагноза и детален опис на медицинскиот третман,
  • Комплетна историја на болеста на пациентот со дневните обсервации од лекарот кој го лечел осигуреното лице и видот на препишаната терапија (лекови)

Оригинални фактури / потврди кои:

– гласат на име и презиме на осигуреникот содржат детален опис на болеста (акутната забоболка)

– точни поединости околу извршениот медицински или стоматолошки третман, како и видот на препишаниот лек

– точни датуми на извршениот третман

Целата документација да е заверена со печат и потпис на овластениот лекар или фармацевт. Потребно е да има званичен извештај од полицијата за видот на настанатиот несреќен случај, во случај кога повредата на осигуреникот е резултат на несреќен случај. Потоа, документ со службена потврда за причината за смртта, извештај на лекар за констатирана смрт, целокупна останата документација потребна за пресметка на надоместот, во интерес на барање на осигурувачот и на крајот копија од трансакциона сметка со изјава дека лицето е согласно надоместот за пријавената штета да му се исплати на таа сметка.