Патокази по кои секој претприемач треба да се води

265

Вашето време е ограничено, затоа не трошете го живеејќи туѓ живот. Храбро следете го срцето и интуицијата. Тие на некој начин веќе знаат што вие сакате да постигнете во животот. Сè останато е споредно. – Стив Џобс

Најдобриот начин да ја предвидите иднината е преку нејзиното креирање. – Питер Дракер

Мојата најголема мотивација е постојано да се ставам себе си пред предизвици. Животот го гледам како едно постојано школување – секој ден учам нешто ново. – Ричард Бренсон

Секој пат кога ќе кажете што сакате или во што верувате, вие сте првите што ќе слушнете. Тоа е порака до вас самите и до другите, за она што мислите дека е возможно. Затоа не се ограничувајте. – Опра Винфри 

Во ред е да го прославите успехот, но поважно е да ги послушате лекциите за неуспехот. – Бил Гејтс 

Јас не го знам клучот за успехот, но клучот за неуспехот е во обидот да се задоволат сите. – Наполеон Хил

Потребни се 20 години да изградите репутација, а само пет минути да ја уништите. Ако добро размислите за тоа поинаку ќе постапувате. – Ворен Бафет 

Постои само еден успех – да го проживееш животот на свој начин. – Бил Козби

Ако не можеш да направиш големи дела, прави мали, но одлични. – Кристофер Морли 

Она што не е започнато никогаш нема да се заврши. – Гете

Фото: Pixabay