Пауел: Можна е рецесија

37

Агресивното заострување на монетарната политика може да ја турне економијата во подлабока рецесија.
Технички, американската економија веќе западна во рецесија, имајќи предвид дека во последните два квартали паѓа на квартална основа, но засега оваа рецесија е „плитка“.

Претседателот на ФЕД Џером Пауел отворено го призна ова. „Никој не знае дали овој процес ќе доведе до рецесија и, ако е така, колку сериозна ќе биде рецесијата“, рече тој.

На прес-конференцијата по состанокот на ФЕД, Пауел исто така рече дека ништо не се променило од неговите коментари на конференцијата на централните банкари во Џексон Хол минатиот месец.

Банката на федерални резерви е апсолутно посветена на намалување на инфлацијата до 2 отсто и ќе стори сé за да стигне до тоа“, рече Пауел.