Пауел: Намалување на стапките неопходно поради нестабилен пазар на трудот

Претседателот на Федералните резерви (ФЕД), Џером Пауел истакна дека американскиот пазар на трудот се наоѓа во несигурна ситуација, поради што наскоро може да дојде до редукција на каматните стапки како поттик на економијата.

Во своето излагање за монетарната политика на годишниот економски симпозиум на американската Централна банка во Џексон Хол, Вајоминг, тој рече дека пазарот на труд би можел да има бенефит од пониските каматни стапки, кои ФЕД не ги промени веќе осум месеци.

Пауел алармираше дека пазарот на труд се наоѓа во „чудна состојба на рамнотежа, во која се намалуваат и понудата и побарувачката за работници, ставајќи го во понеизвесна позиција отколку што сугерира ниската стапка на невработеност“.