Пауза!

17

coffee-2714970_960_720

Фото: Pixabay

Не знам каде ми е главата!!! Нели така велиме кога сме преокупирани со активности, обврски (работни, приватни), проекти, кампањи или кога кажуваме дека “немаме време“?!

Во таква ситуација сум сега јас. Полуден! Згора на сите тековни обврски, активно работејќи на кампањата за Tip of the Week на Кикстартер и приватни незавршени обврски, јас треба да пишувам и неделен совет!

Она што можам да направам (една од работите) е да направам пауза! И затоа овој неделен совет нема да пишувам многу опширно и ќе одморам малку. Ќе бидам краток и концизен. Јас ќе направам ПАУЗА!

Правете и вие паузи во работата и во животот!!! Застанете! Почекајте! Што сака нека се случи, животот и работата сигурно нема да ви пропаднат, ако малку застанете!

Со успех во промените.