Pavot Mystérieux – ултра луксузен дијамантски часовник

41

Untitled

Париската куќа која изработува накит Van Cleef & Arpels, минатата недела во Хонг Конг на манифестацијата Watches & Wonders  презентираше уште едно свое уникатно парче. Станува збор за уникатен луксузен часовник Pavot Mystérieux, кој што е сплет на неколку емблемски техники.

Van-Cleef-Arpels-Pavot-Mystérieux-High-Jewelry-timepiece-making-of-1

Цветните ливчиња се направени од рубини, срцето е од розево злато и дијаманти во форма на круг, ливчињата се изработени исто така од розево злато и дијаманти кои наликуваат на снегулки.

Van-Cleef-Arpels-Pavot-Mystérieux-High-Jewelry-timepiece-making-of-2

Ланчето е направено од првокласни бели бисери, а каивчето од бело злато со дијаманти во правоаголена форма. Цветот може да се вади и да се носи и како брош.