Paxcon – спреј што ги прави ѕидовите отпорни на силни експлозии

39

paxcon sprej

Американската компанија LineX го разви специјалниот спреј – Paxcon, којшто прави ѕидовите да бидат скоро непробојни, пишува Interesting engineering.

Тенкиот слој од овој спреј претставува бариера којашто, освен што го прави ѕидот поцврст, е и водоотпорен и отпорен на висока температура.

Paxcon може да им пружи голема заштита на објектите во случај на земјотрес, пожар, експлозија или друга непогода.

Компанијата досега спровела голем број истражувања коишто покажуваат дека ѕидовите на коишто е нанесен Paxcon може да издржат 20 пати поголема експлозија од ѕидовите на коишто нема слој од овој препарат. Во себе содржи еластични полимери и засега има подобри перформанси од не’рѓосувачкиот челик или карбонските влакна.