PayPal избриша 4,5 милиони кориснички сметки

77

PayPal Holdings Inc. рече дека затворила 4,5 милиони кориснички сметки и ја намалила својата прогноза за нови клиенти откако открила дека „лошите корисници“ ги искористуваат нејзините програми за поттик и награди.

Платформата за онлајн плаќање, исто така, ја ревидираше својата маркетинг стратегија, наведувајќи дека повеќе не очекува да достигне 750 милиони активни сметки до 2025 година, напуштајќи ја целта што придонесе за растот на потрошувачката минатата година, пренесе Bloomberg.

„Редовно ја проценуваме нашата активна база на сметки за да се увериме дека сметките се легитимни. Ова е особено важно за време на стимулативните кампањи кои можат да бидат цели за лошите актери кои се обидуваат да имаат корист од овие понуди, без воопшто да имаат намера да бидат легитимни клиенти на нашата платформа“, велат од компанијата.

Проблемот беше откриен заедно со извештајот за заработка кој беше под проценките на Волстрит, што доведе до остар пад на вредноста на акциите. Акциите на компанијата во средата паднаа за рекордни 25 отсто, а од почетокот на годината за околу 40 отсто.

Компанијата соопшти дека купувачите со ниски приходи трошат помалку бидејќи се борат да бидат во чекор со растечките цени поради највисоките нивоа на инфлација во САД во последните децении. Растот на потрошувачката во е-трговијата, исто така, забави бидејќи прекините на синџирот на снабдување влијаеја на времето на испорака и потрошувачите купуваат повеќе во продавниците за време на празниците.