Пазар на недвижности во Скопје: Растот на цените забави на 16,7%, по рекордите во 2025 година

Цените на становите во Скопје продолжуваат да растат на годишно ниво, но со значително побавно темпо. Според статистиката на Народната банка, во првите три месеци од 2026 година е забележан раст од 16,7%, што е за речиси 9 процентни поени помалку од силниот бран на поскапување забележан на крајот на 2025 година.

Ова е јасен сигнал дека по долготрајниот подем, вредноста на метар квадратен во главниот град влегува во помирна фаза. Иако огласите во Скопје сè уште држат високи бројки, јазот меѓу очекувањата на продавачите и реалната куповна моќ на граѓаните станува видлив.

Индексот на цени на станови, којшто се однесува единствено на територијата на градот Скопје и се пресметува врз основа на огласени, а не реализирани цени за продажба на станови во првиот квартал од 2026 година бележи стабилизација.