Пазарната вредност на Туркиш ерлајнс е повеќе од 10 милијарди долари

88

Пазарната вредност на Туркиш ерлајнс достигна 191,3 милијарди турски лири (10,26 милијарди долари), што е повеќе од резултатот на германската авиокомпанија Луфтханза, чија вредност е 9,28 милијарди евра (9,73 милијарди долари).

Цената на акцијата на турската авиокомпанија, која на 31 декември 2021 година изнесуваше 20,02 турски лири (1,54 долари), во понеделникот скокна за 592,3 отсто на 138,6 турски лири (7,43 долари).

Заклучно со третиот квартал од годината, вкупните приходи на „Туркиш ерлајнс“ од 6,1 милијарди долари ги надминаа вкупните приходи во истиот период од 2019 година за 52 отсто, додека приходите од воздушниот карго се зголемија за 110 отсто на приближно 880 милиони долари во истиот период.

Нето добивката на компанијата беше 1,5 милијарди долари во третиот квартал.