Пазарот на криптовалути доживува големи загуби

116

Пазарот на криптовалути забележа остри загуби поради очекувањата на инвеститорите во однос на монетарната политика на Соединетите Американски Држави.

По падот од 10 отсто претходниот ден, биткоинот се движеше околу 20.000 долари во утринското тргување во Лондон. Вредноста на етерот се задржа над 1.600 долари, пишува Bloomberg.

Вредноста на акциите, обврзниците и дигиталните токени падна откако податоците за инфлацијата во САД покажаа дека Федералните резерви (ФЕД) ќе продолжат да ги зголемуваат каматните стапки.

ФЕД нема друга опција освен „заострување, заострување на финансиските услови, зголемување на реалните приноси“, што негативно ќе влијае на ризичните средства, рече Чарли МекЕлигот, стратег за размена на средства во Nomura Securities International.

Ваквите макроекономски фактори во моментов негативно влијаат на унапредувањето на блокчејнот на ethereum, попознат како Ethereum Merge. Сепак, подобрувањето што ќе направи блокчејнот да користи помалку енергија треба да биде претставено оваа недела, а вниманието на пазарот повторно се насочува кон него.

Блокчејнот Ethereum е основа за голем број финансиски услуги, што го прави еден од најважните патишта за размена на криптовалути, така што секоја грешка во преминот од парадигмата PoW во PoS може да влијае на голем дел од дигиталните средства.