Пазарот на криптовалути во црвено

114

Може да се каже дека пазарот на криптовалути е релативно стабилен веќе речиси една недела, ако се земе предвид дека пазарната капитализација е околу 2,5 милијарди долари.

Во моментов, според веб-страницата „Коингеко“, пазарот на криптовалути изгуби 3 отсто од својата вредност во изминатите 24 часа и сега изнесува 2,44 трилиони долари.

Биткоинот, исто така, лебди околу 50.000 долари во последните седум дена. Во моментов е под таа граница, а се тргува по цена од 49.452 долари, што значи дека „паднал“ за 2,7 отсто.

Етереумот се „лизна“ за 3,2 отсто во изминатите 24 часа и моментално се тргува за 3.935 долари.