Пазарот на криптовалути во зелено

11

Во изминатите 24 часа, вкупната вредност на пазарот за криптовалути се зголеми за 4,9 проценти.

Така, утрово, има добри вести по  вчерашниот ден кога само биткоинот  загуби повеќе од 12 проценти од својата вредност.

Најпознатата криптовалута во светот, биткоинот, според податоците на страницата koingeсko, околу 9:30 часот, се тргуваше по цена од 46,189 долари. Етереумот забележа малку поголем раст, од 4,4 проценти, а неговата  цена е 3.492 долари.