Пазарот на криптовалути забележа раст

41

По вчерашниот пад, пазарот на крипто -валути забележа раст и во последните 24 часа е забележан пораст од 7,1 отсто.

Биткоинот порасна за 4,1 проценти во последните 24 и утрово се тргува по цена од 43.974 долари. Меѓутоа, за една недела, оваа криптовалута загуби 8,8 проценти од својата вредност.

Етереумот, исто така, го следеше трендот на раст на пазарот. Во последните 24 часа постигна раст од 7,9 проценти и се тргува по цена од 3.114 долари. Оваа криптовалута падна за високи 13,4 проценти во изминатата недела.