
Продажбата на нови автомобили во Франција се зголеми за 2,3 отсто на годишно ниво во август на 94.351 возило, помогната од владините субвенции за електрични возила (ЕВ), се вели во извештајот објавен од Платформата на автомобилската индустрија (PFA).
Сепак, пазарот е сè уште послаб за околу 10 проценти во однос на периодот 2010-2019 година, пред пандемијата на корона вирусот, кога просекот за август беше околу 105.000 регистрации.
Електричните автомобили, вклучително и целосно електричните и моделите со погон на водород, учествуваа со дури 38 отсто од новите регистрации овој август, или речиси четири од десет продадени нови автомобили, пишува Фигаро.











