Пазарот на телефони расте – кои производители доминираат

77

Испораките на паметни телефони во вториот квартал на 2024-та година забележаа раст од 6,5% на годишно ниво, според статистичките податоци од аналитичарската компанија на глобалниот пазар „IDC“.

Производителите на телефони бележат раст четврти последователен квартал, а сè води кон конечно закрепнување на пазарот на паметни телефони до крајот на годината.

„Samsung“ и „Apple“ останаа на врвот, сите Топ 5 компании ја зголемија испораката на паметни телефони. „IDC“ открива дека вештачката интелигенција и зголемената просечна продажна цена се главните причини за подобрување на состојбата на пазарот на телефони во периодот април-јуни 2024-та година.

Директорот за истражување на компанијата „IDC“ истакнува дека пазарот минува низ тренд кога доминираат премиум уредите, а од тоа најмногу имаат корист „Samsung“ и „Apple“.

Во извештајот се наведува дека 19% од сите испораки на паметни телефони се уреди со карактеристики на вештачка интелигенција, што претставува најголем раст за која било иновација во светот на мобилните уреди што ги забележала „IDC“.

Се очекува дека пазарот на паметни телефони ќе продолжи да биде стабилен во наредниот период, а се верува дека сите производители ќе ги туркаат функциите на вештачката интелигенција, што ќе влијае на факторот на раст на 5G и уредите што се преклопуваат.