Пчелари од Австралија создадоа револуционерна кошница од која тече мед

81

1

Татко и син од Австралија цела декада работеа на пластична кошница со славина од која ќе тече мед, пишува британски Телеграф.

Кошницата на Стјуард и синот Чедар Андерсон е првата кошница од која може да се собере тазе мед без да се вознемират пчелите и без опасност од боцкање.

2

Кошницата наречена Flow Hive функционира на следниот начин: Во кошницата се поставени вештачки ќелии во кои пчелите го ставаат медот пред да ги затворат со восок. Кога ќелиите ќе се наполнат со мед, пчеларот може да ја отвори другата страна на кошницата и со помош на подвижниот механизам на ќелиите, со цевче да го извади медот без да ги вознемири пчелите. Потоа пчелите повторно ги полнат ќелиите и така во круг.

3

Иноваторите сега се соочени со нов предизвик – имаа 4.000 нарачки во првите 12 часа. Тие се надеваат дека ќе можат да почнат да ги испорачуваат кошниците во јуни и се обидуваат да најдат поголем произведувач, најверојатно во САД.

4

Проектот е ставен на платформата Indiegogo и во првите 24 часа собра околу 1,7 милиони долари. Таткото и синот бараа само 70.000 долари, а сега, неколку ден пред затворање на кампањата, имаат собрано 8.092.373 долари.