Пчеларите во Србија не паметат ваква лоша година – приносот на мед помал за 85%

22

med

Приносот на мед во Србија оваа година ќе биде помал за 85% во споредба со лани, а цената на медот во просек ќе биде 30% повисока, соопшти вчера Сојузот на пчеларски организации на Србија. Главна причина за тоа е ладното време и обилните дождови, вели претседателот на сојузот Родољуб Живадиновиќ за агенцијата Бета, пренесува Б92.

Досегашната цена на мед по килограм беше околу 300 денари. Сега во некои делови во Србија стига до 800 денари, а според оценката на Живадиновиќ, до мај следната година медот може да биде уште поскап.

Најголем проблем е што пчеларите нема да можат да обезбедат доволно количество храна за пчелите. Затоа бараат од Министерството за земјоделие да се обезбеди барем симболична количина шеќер од стоковите резерви за да се прехранат пчелите. Според постарите пчелари во Сојузот, ваква лоша година немало од 1953 година.