Pearson ќе го продава уделот во The Economist за околу 568 милиони евра

4

the economist

Корпорацијата Pearson најверојатно ќе го продаде својот удел во магазинот The Economist за околу 568 милиони евра (400 милиони фунти), пишува Financial Times.

Меѓу потенцијалните купувачи се споменуваат само семејството Де Ротшилд и инвестиционата компанија Exor на италијанската династија Агнели.

Ова ќе биде прва поголема промена во сопственоста од 1957 година кога Pearson заедно со Financial Times купи 50% од акциите на The Economist.