Печатена куќа во 3D отпорна на сите временски непогоди

23

600x397x3d-printed-villa4-600x397.jpg.pagespeed.ic.tliEBK4KSqКинеската компанија Zhuoda Group успешно дизајнираше прва 3D печатена вила чија изградба чини околу 500 долари.

Иако е печатена во 3D, вилата е цврста и стабилна. Изградена е на челична основа, а креирана е да може да поднесе и силни земјотреси.

Куќата е отпорна на оган и вода и разни други непогоди. Дури 90% од нејзината конструкција се изработува во дизајнерска фабрика која што печати модули за секој дел од вилата.

Остатокот од работата се врши на самата локација, додека сопствениците и сите присутни гледаат како сето тоа се прави. Додека градбата се составува наликува на едно ремек дело од гигантски лего коцки.

Секој модул од вилата тежи повеќе од 100 килограми по квадратен метар што ја прави исклучително стабилна.

Градежниот материјал е всушност индустриски и земјоделски отпад, што ја чини градбата еко-одржлива. Куќата не содржи формалдехид, амонијак и радон, кои што ги има во структурата на секоја куќа, а се штетни за здравјето.

Мермер, жад (минерал), дрво и гранит се некои од текстурите што идните сопственици можат да ги одберат. Ѕидовите на вилата се изградени од различни билки, со што куќата има вградена ароматерапија, како дополнителна луксузна погодност.

Куќите се дизајнирани да траат околу 150 години и претставуваат нов начин на развој на домовите и бројни други структури.
luksuz-arhitektura-dizajn-imanje-posed-99zhuoda-unveils-two-story-3d-printed-module-villas-being-built-in-less-than-three-hours-25zhuoda-unveils-two-story-3d-printed-module-villas-being-built-in-less-than-three-hours-13ZhuoDa_3D_House