Печатени куќи како решение за бездомници

203

Непрофитната организација New Story во мај ги објави плановите за цела населба што ќе се гради само со помош на 3D принтер, а визијата сега е уште поблизу до реалноста, бидејќи првата градба беше претставена пред неколку дена.

Во план е во Мексико да се изградат околу 50 вакви куќи каде ќе може да се всели цело семејство.

Куќите имаат површина од околу 45 метри квадратни, а се испечатени со помош на Vulcan II печатач којшто специјално за овој проект го дизајнираше компанијата Icon. За печатење на една куќа потребни се само 24 часа, а секоја има две спални соби и купатило.

Фото: Youtube