Никој освен Хелмут Кол во поствоена Германија не се задржал толку на власт, колку Ангела Меркел. Таа веќе 22 години е прва жена којашто ја презела канцеларската функција, на којашто останува до крајот на мандатот оваа година.
Меркел е родена во 1954 година во Хамбург, а во 1986 година по студискиот престој во Русија, докторира физик и водела мирен живот на научник сè до настаните што му претходеа на падот на Берлинскиот ѕид.
За многумина, нејзината кариера не би била возможна без менторството на тогашниот канцелар Хелмут Кол.
Власта ја презема во 2005-та година, по победата на привремените избори. Разумна, прагматична и непретенциозна, Меркел за многумина била идеалната противтежа на машкиот политички свет и во Германија и на меѓународен план.
Наместо да се прелеси во владината резиденција откако е на власт, Меркел и сопругот останале да живеат во својот стан. Таа живее во строгиот центар на Берлин и случајни минувачи можат да се изненадат кога ќе ја видат Меркле како рано наутро заминува и доцна навечер се враќа дома.
Приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, а ретко се појавува со нејзиниот сопруг, кој е професор по квантна хемија.
Фото: Instagram