Peek или Portable eye examination kit е пренослив адаптер за камера на паметен телефон, којшто може да дијагностицираапроблеми со видот кај луѓето.
Peek е адаптер за камера, којшто им дава висок квалитет на фотографиите на окото. Адаптерот се поставува на камерата на паметниот телефон, по што со помош на скенирање, со посена апликација, може успешно да открие дали пациентот има проблеми со кратковидост и далековидост, а вклучува и тест за очните нерви. Направените фотографии може да се испратат до офталмолог кој може да ја одреди дијагнозата и да предложи соодветен третман на пациентот.
Развојот на апликацијата и адаптерот го водат докторите Ендрју Бастароус и Стјуарт Џордан, а за дизајнот се погрижија Кејт Тарлинг и доктор Марио Џиардини.
Peek има за цел да им помогне на над 39 милиони луѓе ширум светот, кои немаат можност да добијат офталмолошки преглед.
На глобалната платформа за групно финансирање, Indiegogo, Peek Retina собра над 183.000 евра.