Одборот за пазарна конкуренција на Турција одлучи да почне истрага во националниот авиопревозник Turkish Airlines, по жалбата поднесена од страна на ривалскиот Pegasus, пишува Хуријет.
Pegasus, една од најголемите приватни авиокомпании во земјата, тврди дека Turkish Airlines ја злоупотребил својата доминантна позиција на пазарот и ги презел домашните и меѓународните летови од Истанбул во 2010 година.
Одборот одлучил дека нема доволно докази за наметнување на административна парична казна на националната авиокомпанија и Turkish Airlines беше ослободен од обвиненијата. Сепак, Управниот суд во Анкара неодамна одлучи регулаторот за конкуренција да ја преоцени жалбата.
Одборот истакна дека започнувањето на истрагата не мора да значи дека компанијата ќе биде казнета.
До 1983 година, Turkish Airlines беше единствена авиокомпанија во Турција и за домашни и за меѓународни летови. Pegasus, следниот најголем локален играч во овој сектор, се жали од продолжувањето на доминацијата на Turkish Airlines на пазарот.