Пејачот на Бјело Дугме во нов бизнис – еве со што ќе се занимава

210

Пејачот на Бијело Дугме, Ален Исламовиќ започнува нов бизнис со преработка на овошје и зеленчук во Бихаќ, пишува Akta.ba.

Пред неколку дена ја регистрирал фармата Исламовиќ којашто ќе работи на сушење, мелење и пакување на овошје и зеленчук.

“Овошјето ќе го откупуваме од краевите околу реката Уна, односно од Дрвар до Босанска Крупа“, рече Исламовиќ.

Инаку тој пред неколку години на својот имот во Бихаќ засади лешници наповршина од 25.000 метри квадратни.

Фото: Facebook