Пекабеско седум години нема да исплаќа дивиденда

42

Компанијата Пекабеско донесе политика на дивиденда за период 2020 – 2027 година, според која компанијата нема да исплаќа дивиденда на акционерите во тој период за да им одговори на потребите за развој на компанијата и обврските кон кредиторите, стои во соопштението објавено на Македонска берза.

“Со цел да обезбеди непречен развој на компанијата, како и ликвидност за да одговори на обврските, компанијата нема да врши распределба на дивиденда“, стои во соопштението.

Фото: Facebook