
Од Буџетот за наредната година за НАТО ќе бидат издвоени дури 5 отсто. Ова рекордно издвојување на 325 милиони евра е резултат на одлуката која ја донесеоа лидерите на Алијансата дека сите земји членки ќе инвестираат 5 отсто од бруто домашниот производи до 2035 година за да ги исполнат „индивидуалните и колективните обврски“, според финалната декларација од самитот во Хаг. Друга висока ставка во Буџетот се вкупните расходи на ПИОМ, кои за 2026 се проектирани на 2,44 милијарди евра, од кои околу 1,9 милијарди се за пензии.
Аналитичарот Синиша Пекевски смета дека буџетот за наредната година е неразвоен и наместо да се инвестира во нови бизниси се инвестира во социјала.
-Буџет кој тежи речиси 7 милијарди евра, а за капитални инвестиции се планирани само 650 милиони евра, односно 10 отсто, не е ништо повеќе од социјален и неразвоен буџет. Тоа покажува дека економијата стагнира, вработеноста генерално се намалува, приходите и даноците што се плаќаат се недоволни да се покријат потребите на пензионерите и здравствениот систем. Во кратки црти буџетот е катастрофален и наместо да се инвестира во нови и иновативни бизниси, се инвестира во бетон, социјала и непродуктивни работи. Затоа и дупката во Буџетот ќе биде уште поголема, изјави за „Локално“, Пекевски.











